Известување

Вторник, 09 Август 2016 07:58 poc
Печати

Почитувани,

Поради сериозноста на последиците од невремето коешто го зафати скопскиот регион, а заради учество во превенција и справување со кризи, ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар-Скопје за денес

(08.08.2016 година) закажа вонредна седница на органите на управување на којашто ќе биде донесена соодветна Одлука за доделување на парична и нематеријална помош за оние на кои им е најмногу потребна- жртвите од природната непогода.

Воедно, ја известуваме јавноста дека дел од деловните простории ќе бидат ставени во функција на сместувачки капацитети за згрижување на луѓето од кризните региони, за што по завршувањето на потребните активности за адаптација на просторот ќе бидете дополнително известени. Во согласност со својата надлежност, ЈП Паркинзи на Општина Центар-Скопје ќе одбезбеди и соодветни капацитети за користење на паркинг места во Катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети.

Дополнително, на ден 08.08.2016 година претпријатието ќе испрати и свои екипи за помош на терен во најзагрозените подрачја.

Сите оние кои се во можност да донираат храна, средства за лична хигиена, вода, лекови и сличен вид на соодветна помош, можат да ги остават своите донации во просториите на претпријатието, по што истите ќе бидат транспортирани до оние на кои им е најмногу потребна нашата помош.

Хуманоста пред се!

Со почит,

ЈП Паркинзи на општина Центар