Банер
>>> Почетна » За Нас » Општествена одговорност
Петок, 23 Јун 2017

Е-пошта Печати PDF

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

 

ЈП Паркинзи на Општина Центар како водечки субјект во дејноста паркирање во Република Македонија, активно се вклучува во развојот и благосостојбата на нацијата, еднаквоста меѓу луѓето и здравата и чиста животна средина преку поддржувањето на широк спектар на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, иновациите и напредокот во следниве области:

  • Сообраќајот во мирување и движење

- Преку воведувањето на начинот на организирана наплата на паркинг услуга во секторите кадешто досега немало ваков систем се намали сообраќајниот метеж, времето на чекање за наоѓање на слободно паркинг место и се зголеми бројот на слободните паркинг места

  • Почитување на еднаквоста помеѓу луѓето

- Заедничка кампања со Полио Плус за поддршка на лицата со посебни потреби преку обезбедување на посебно обележани паркинг места, едукација на учесниците во сообраќајот и финансирање на оваа кампања преку санкционирање на несовесните возачи кои паркираат на места обележани за лицата со посебни потреби.

- Изградба на дактилна патека во должина од 800 метри на потегот од автобуската станица спроти Градежниот факултет до Домот за слепи на ул.Костурски Херои

- Обележување на бесплатни паркинг места за велосипедисти, моторџии и корисници на хибридни возила.

  • Екологијата

- Со намалувањето на сообраќајниот метеж и потребното време за наоѓање на слободно паркинг место, како и со воведување на едносмерниот режим на сообраќај во повеќе делови од Општина Центар значително се придонесува во намалување на издувните гасови и загадувањето на територијата на Општина Центар.

  • Спортот

- Општина Центар активно учествуваше во помагањето и организацијата на хуманитарниот фудбалскиот куп -  "Капи Куп" за помош на децата од Домот за деца без родители "11 Октомври".