Банер
>>> Почетна
Вторник, 20 Ное 2018


ВАСКО КИЧЕВСКИ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Е-пошта Печати PDF

Скопје, 02 мај 2018 – Васко Кичевски е новиот директор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната средба, го именуваше Васко Кичевски за Директор на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот В.Д. директор Вангел Андрески.

Васко Кичевски е роден на 21.11.1985 година во Скопје, Центар, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, насока - Индустриско инженерство и менаџмент.

Учествува на многубројни интернационални натпревари за менаџмент и инженерски вештини и освојува четврто место за најдобар бизнис план на натпревар со над 300 натпреварувачи, организиран од ПСМ YES фондацијата, а под покровителство на SINTEF.

Во својата кариера, Кичевски беше маркетинг менаџер во Ајурведа ДООЕЛ Скопје, поранешен главен извршен директор на КК Работнички АД Скопје, а до скоро и советник во Советот на Општина Центар.

Untitled attachment 00009