Банер
>>> Почетна » Политика за заштита на личните податоци
Понеделник, 23 Окт 2017


Политика за заштита на личните податоци

Е-пошта Печати PDF

Јавно претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ на Општина Центар
Политика за заштита на личните податоци на корисниците на услугите и
посетителите на Веб страницата
ЈП за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ на Општина Центар (ПОЦ) ја спроведува следната заштита на
личните податоци и информациите на посетителите на Веб страницата, како и на корисниците на
услугите кои ги нуди претпријатието:
- На одредени подстраници на Веб страната на ПОЦ (www.poc.mk), само доколку посетителот сака
да се регистрира за добивање на новости и промоции на својот e-mail, се бараат следните лични
податоци: име, презиме и e- mail на посетителот на Веб страницата, што се проследуваат до
податочна база директно на серверот на ПОЦ.
- Доколку посетителот сака да испрати порака, односно пофалба, критика, пријава или жалба до
претпријатието преку Веб страницата, единствените лични податоци кои се потребни за
формуларот да биде испратен на електронската контакт адреса на претпријатието се: име и
презиме, контакт телефон и e-mail. Првата заштита на личните податоци што ги внeсува
корисникот е безбедносен код што автоматски се генерира за секоја порака посебно и истиот е
уникатен.
- Дополнително, доколку корисникот на услугите на ЈП ПОЦ електронски преку Веб страницата на
претпријатието го проверува статусот на поднесеното барање или приговор, единствен податок
што се објавува е регистарската табличка на патничкото моторно возило, на кое истиот е
сопственик, меѓутоа на ниту една подстраница од Веб страницата на ПОЦ не се објавуваат
податоци за сопственикот.
Личните податоци нема никогаш да бидат објавени во било каков медиум или поделени со
било кое трето правно или физичко лице.
Оставањето на овие лични податоци е исклучиво со дозвола на посетителот или корисникот
на услугите на ПОЦ.
На e-mail адресата посетителот или корисниот е согласен да добива информации исклучиво во
врска со информациите за цените и услугите на ПОЦ, како и најновите видови на паркинг услуги.
Овие информации се однесуваат на интерес за цени, редовно известување за промени и
дополнувања на услугите, разни промоции и други информации.
Во секој момент, секој посетител или корисник кој има оставено свои податоци во базата на ЈП
ПОЦ, може преку пополнување на формуларот даден подолу, да ги провери личните податоци
кои истиот ги доставил до ЈП ПОЦ и да добие информација за обработката на истите.

Формулар за пристап и исправка на личните податоци


Со почит,
Тимот на ЈП ПОЦ