Банер
>>> Почетна » Услуги и ценовници » M - карта
Понеделник, 23 Окт 2017


M - карта

Е-пошта Печати PDF

M - карта - припејд смарт картичка на ЈП ПОЦ
М-картата ја издава ЈП Паркинзи на општина Центар и за жителите на општина Центар таа се издава бесплатно со почетен биланс од 100 ден.
М- картата може да се купи и на паркомат за 350 ден, со почетен биланс од 100 ден.
истата обезбедува попуст на услугите и тоа :
Истата е за повеќекратна употреба, може да ја користите и надополнувате секогаш кога ќе имате потреба. Со неа добивате поволности и попусти на сите паркинг услуги на ЈП ПОЦ достапни на уредите за автоматска наплата на паркинг услуга – паркомати.
Како се користи М-картата
1. Внесувате средства на сметката на М-картата преку паркомат
2. Се јавувате во Контакт Центарот (072 251 251), го кажувате серискиот број на М-картата, најавувате дека ќе имате гости и колку часови ќе се задржат во одредениот сектор.
3. Од сметката на вашата М-карта ќе бидат одземени средства во износ од пријавените часови за престој на вашите гости.
Во случај на губење, кражба или оштетување на вашата М-карта, Ве молиме веднаш да пријавите во Контакт центарот на ЈП ПОЦ.

М- карта / Гостински пакет
Со секој потпишан кориснички договор за користење на Повластена Паркинг Карта станарска (ПКЖ  или ПКЖС), корисниците се стекнуваат со право на гостински пакет, заедно со Договорот и Налепницата добиваат и авторизирана М- карта со почетен биланс од 100 денари со кој може да ги користат гостинските часови. Максимално можат да се искористат 90 часа месечно. Неискористените часови од изминатиот месец важат за наредниот се до крајот на календарската година).
М- карта / Пакет за нега
Жител на општина Центар кој не поседува сопствено возило, а има потреба од грижа од друго лице, има право да аплицира за „Пакет за нега“, при што со потпишување на корисничкиот договор добива и авторизирана М- карта.
За изработка на М-картата плаќате еднократно 350 денари, а за да се користи услугата, потребно е месечно на сметката да има минимален износ од 300 ден.

- Пакет за нега 1 – Едно возило, плус 50 часа месечно

Со овој пакет за сума од 300 денари месечно можете да најавите едно возило кое ќе може да се паркира неограничено на паркинзите на ЈП ПОЦ во Ваша близина. Ова возило се најавува еднократно. Со пакетот добивате плус 50 часа месечно за други возила, кои треба да ги најавите на секое доаѓање.

- Пакет за нега 2 – 150 часа
Со овој пакет за сума од 300 денари добивате 150 часа месечно. Возилата треба да ги најавите на секое доаѓање.