Банер
>>> Почетна
Понеделник, 23 Окт 2017


ЈП ПОЦ воведува М паркинг, плаќање паркинг преку смс

Е-пошта Печати PDF

(почнувајќи од петок 05.03.2013)

 

 

По барање на граѓаните, Општина Центар и ЈП Паркинзи на општина Центар воведуваат нова услуга, со која граѓаните ќе можат да плаќаат паркинг преку својот мобилен телефон.

Потребно е да пратат смс порака на телефонскиот број 14 14 14. Содржината на пораката треба да ја содржи зоната, празно место, регистарскиот број на автомобилот, празно место и времетраењето на паркирањето.

Пр. смс: 14 14 14

содржина на пораката: 1 SK1234MM 2

10 минути пред завршување на паркирањето корисникот ќе добие СМС порака за потсетување дека паркирањето наскоро му истекува.

За крај на паркирањето корисникот не треба да праќа порака за одјава.

Ако граѓанинот е пост-пејд корисник, наплатата за паркинг ќе му биде пресметана во телефонската сметка на крајот од месецот. Ако е при-пејд корисник, цената за паркинг ќе му биде одземена од кредитот што го има. Телефонскиот број мора да биде од мобилните оператори во Република Македонија.

Цена на СМС порака е 5 ден. со вклучен ДДВ.

Оваа новина ЈП Паркинзи на општина Центар ја воведува по барање на граѓаните, со цел овозможување на дополнителен начин на плаќање при паркирањето.