Банер
>>> Почетна » За Нас
Понеделник, 20 Авг 2018

Е-пошта Печати PDF

Наше портфолио

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е претпријатие формирано од Општина Центар, со Одлука на Совет на Општина Центар број 07-2625/4 од 18.12.2006 година и Решение за Упис во Централен регистар на Република Македонија од 13.03.2007.

Скратениот назив на Јавното претпријате за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - Скопје е ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНИЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е правно лице основано со цел организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територија на Општина Центар, пред се во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на жителите на Општина Центар и секако решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање во централното градско подрачје.

Јавното претпријатие вршејќи ја основната дејност за која е основано, постојано утврдува и изнаоѓа нови и ги усовршува постојните услуги следејќи ги современите европски и светски трендови и практитки на давање на услуги за користење на јавни паркиралишта, притоа реализирајќи ја својата визија да стане водечка компанија и пример во својата дејност.

Со Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје управува и раководи Директор именуван од Градоначалникот на Општина Центар врз основа на јавен конкурс. Директор на ЈП за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е Васко Кичевски.

Во рамките на претпријаитето функционираат 5 (пет) сектори и 14

(четиринаесет) одделенија:

1. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ со три одделенија:

1.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИИ

1.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И

1.3. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАПЛАТА

2. СЕКТОР ЗА КОНТРОЛА НА КОРИСНИЦИ со две одделенија:

2.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИ И

2.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОНТРОЛА

3. СЕКТОР ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ЈАВНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ И ПАЈАК со две

одделенија:

3.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И

3.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПАЈАК СЛУЖБА

4. СЕКТОР МАРКЕТИНГ, ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ со две одделенија:

4.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МАРКЕТИНГ, РАЗВОЈ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

4.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

5. СЕКТОР ЗА ОПШТИ, ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ со три одделенија:

5.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ

5.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ и

5.3. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Како посебни одделениja во рамките на ЈП Паркинзи на Општина Центар се

формирани:

1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

Јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар се класифицираат во 4 (четири) паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот на територија на Општина Центар – Скопје.

ЗОНА О

ЗОНА I

ЗОНА II

ЗОНА 0I

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР управува и организира паркирање во 13

(тринаесет) сектори:

Во Зона I се утврдени следните паркинг сектори:

1. 1. СЕКТОР СОБОРЕН ХРАМ

1. 2. СЕКТОР ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ

1. 3. СЕКТОР ЦЕНТАР

1. 4. СЕКТОР МНР

1. 5. СЕКТОР ПАЛОМА БЈАНКА

1. 6. СЕКТОР ТРГОТЕКСТИЛ

1. 7. СЕКТОР ДЕБАР МААЛО

Во Зона II се утврдуваат следните паркинг сектори:

2. 1. СЕКТОР КАПИШТЕЦ

2. 2. СЕКТОР БУЊАКОВЕЦ

2.3. СЕКТОР ПРОЛЕТ

2.4. СЕКТОР МАЏАР МААЛО

2.5. СЕКТОР АУТОМАКЕДОНИЈА

Во Зона 0I се утврдува следниот паркинг сектор:

3. 1. СЕКТОР ПАРК

Паркирањето е регулирано во јавни паркиралишта од отворен тип и затворен тип, катна гаража „Судска палата“ и резидентни улици и паркиралишта.

Јавните паркиралишта од отворен тип се: Соборен Храм, Парк, Дебар Маало, Центар, Капиштец, Буњаковец, МНР, Палома Бјанка, Максим Горки, Пролет и Маџир Маало.

Јавни паркиралишта од затворен тип се: ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ, АУТОМАКЕДОНИЈА, ТРГОТЕКСТИЛ.

Резидентни улици и паркиралишта се наменети само за станарите на таа улица.

На сите јавни паркиралишта со кои управува претпријатието приоритет се дава на граѓаните на Општина Центар на кои согласно востановената деловна политика и начинот на организирање на работата на паркиралиштата им се гарантира пристап и користење на јавното паркиралиште. Работното време на јавните паркиралишта е различно дефинирано во различни сектори се со цел да обезбеди адекватна заштита на станарите во тие сектори од несовесни возачи. Со ова трајно и во континутиет се води грижа за правилен, ефикасен и непречен режим на сообраќајот во сите сектори, што наидува на огромна благодарност и одобрување од граѓаните.

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР- Скопје, со цел задоволување на потребите на граѓаните и пред се во пресрет на нивните барања, имајќи ја во предвид нивната економско-социјална положба, го развива и понатаму ќе го усовршува пакетот на услуги и цени кој го нуди, истовремено имајќи ја пред себе и визијата на ова претпријатие да прерасне во предводник во дејноста која ја врши и секако да ја оправда основната цел за сопственото постоење.

На жителите на општина Центар кои имаат сопствен паркинг простор (гаража, подземен или надземен простор) ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР им овозможува непречен влез до својот паркинг простор.

За граѓаните-станари кои имаат адреса на живеење на јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, претпријатието овозможува субвенционирани цени за користење на јавните паркиралишта во нивна близина по следниве цени:

• За прво возило - 0 денари месечен надомест

За сите останати корисници надоместот е определен согласно

Ценовникот на услуги на Јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

За разлика од другите во оваа дејност, ЈП Паркинзи на Општина Центар како јавно претпријатие нуди пакет на услуги и цени достапни за секого со право на избор на услуга и цена.

Визија

Визија на ЈП Паркинзи на Општина Центар е да прерасне во лидер на македонскиот пазар, особено во доменот услуги за јавни паркиралишта на територијата на Општина Центар, да го унапреди и зачува ефикасниот и непречен сообраќај во Општина Центар, со еден збор да стане лидер во заштитата на јавниот интерес и интересот на граѓаните, со цел да им се и можеле на нашите корисници да им овозможиме максимално поволни можности и услови во користењето на услугите.

Мисија

Мисијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар е корисниците да им понуди и обезбеди ефикасни и современи услови на користење на услугите за јавните паркиралишта во согласност со најновите технолошки и развојни трендови во подрачјето на практичната примена на овие трендови, како и да им овозможи еден поразличен и пофлексибилен начин на давање услуги засновани пред се на професионалност и стручност.

Кои се заложбите и обврските на ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР кон граѓаните?

Квалитетни услуги,

Навремени, брзи и точни услуги,

Комуникација со корисниците,

Запазување на рокови во давање на услугите,

 Одговорност,

 Давање информации на корисниците,

Транспарентност во работењето,

Подобрување на стандардот на услуги,

Создавање на услови за подобрување на системите на услуги и цени,

Навремено, точно и објективно информирање на јавноста за работата на

јавното претпријатие.

Со цел за понатамошно успешно функционирање на јавното претпријатие и остварување на мисијата и визијата, а во насока на успешно решавање на проблемите со паркирањето во најтесното центарално градско подрачје, на територија на Општина Центар и пред се како резултат на брзиот економски и технолошки развој, се наметнува потребата на решавање на веќе идентификуваниот проблем со проточноста и нормалното одвивање на сообраќајот, токму на територија на Општина Центар.

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, имајќи ги во предвид овие проблеми со сообраќајот и пред се со условите и проблемите со паркирањето, а со желба да се излезе во пресрет на потребите на жителите на Општина Центар, во идниот период како планирани активности ја има пред себе задачата за уредување и отварање на нови јавни паркиралишта, во согласност со Деталниот урбанистички план на Општина Центар и изработената студија за паркирање за потребите на Општина Центар, а секако во заедничка соработка со Општина Центар.

Jавното претпријатие ќе продолжи да работи и да се развива согласно утврдената стратегија, мисија и визија, во соработка пред се со Градоначалникот на Општина Центар и Советот на Општина Центар и ќе настојува заеднички да ги решава проблемите на граѓаните на Општина Центар, со цел да станеме препознатливи почитувачи и заштитници на јавниот интерес и интересот на граѓаните